Достапни линкови

logo-print

Рајхел: Владата суштински да одговори за обвинувањата


Длабоката политичка криза и безбедносната ситуација во земјата биле темите за кои денеска разговарал специјалниот пратеник Ернст Рајхел со македонските политичари.

Во ова време, кога вашата држава се соочува со загрижувачка политичка криза, мојата посета денеска е за да нагласи дека Германија длабоко се грижи за вашата иднина. Германија ја реафирмира својата посветеност за поддршка на вашата земја на птот кон НАТО и ЕУ. Ова го изјави специјалниот пратеник за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА во министерството за внатрешни работи во Германија Ернст Рајхел кој е во посета на Македонја. Рајхел денеска се сретна со министерот Бесими и министерот Попоски, како и лидерот на ДУИ Али Ахмети и опозицискиот лидер Зоран Заев. Тој рече дека посетата е со цел да се даде поддршка на земјата, но посочи дека Владата мора да одговара за многуте обвинувања за сериозни владини нерегуларности кои излегоа на површина.

Рајхел изрази сочувство за жртвите во полициската акција во Куманово, каде 8 специјалци го изгубија животот,а над 30 беа повредени и изрази надеж дека овој настан нема да создаде тензии во меѓуетничките односи.

Тој кажа и дека оставките на министрите и на директорот на УБК би можело да бидат важен прв чекор кон почетокот на враќање на јавната доверба и во адресирање на основните уште посуштински проблеми кои станале очигледни, нагласувајќи дека е потребно е преземање на понатамошни мерки.

„Повторив дека Владата мора да одговара на конкретен и суштински начин за многуте обвинувања за сериозни владини нерегуларности, кои што излегоа на површина со материјалите што ги објави опозицијата. Исто така, очекуваме независна и кредибилна судска истрага во врска со обвинувањата кои беа изнесени, вклучувајќи обвинувања за коруптивни зделки , непотребно владино влијание врз правосудниот систем и интегритетот на изборниот процес“, изјави Рајхел.

На неговите соговорници Рајхел им го повторил барањето да иницираат конкретни мерки во однос на недостатокот на институционална и медиумска независност, посочени во снимените разговори

Тој посочи и на демократското право на протест, непосредно пред протестот на опозицијата, кој е закажан во недела, но и митингот на ВМРО-ДПМНЕ во понеделник и ги повика и власта и опозицијата да покажат одговорност.

Рајхел исто така кажа дека Германија високо го цени чекорот преземен од страна на лидерите на четирите најголеми партии во земјата за иницирање на политички дијалог за решавање на кризата.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG