Достапни линкови

logo-print

Коѕиас - Грција и Турција да го искористат „божјиот дар“


Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас географската положба на Турција и на Грција ја спореди боговски добар зар во табла, и апелираше до двете земји да ја искористат таквата среќа.

„Бог одлучи Турција и Грција да бидат заедно во еден ист дел од светот. Кога бог играше табла, фрли две шестки. Едната шестка и ја даде на Турција, другата на нас. Треба да изнајдеме начин да го искористиме добриот зар во божјата игра на таблата, посочи Коѕиас во интервју за „Хуриет дејли њуз“.

Тој ги повика двете земји да не бидат заложници на историјата.

Коѕиас коментирајќи ги различните погледи на двете земји за реонот во Егејско Море наведе дека „решението може да биде обезбедено преку мерки за градење на доверба“.

Тој истакна дека Грција дала четири предлози, а Турција прифатила една од идеите за поморската безбедност.

Шефот на грчката дипломатија посочи и дека „оваа генерација треба да изнајде решение“ за проблемот со поделен Кипар.

XS
SM
MD
LG