Достапни линкови

Веднаш по протестот на СДСМ, владејачката партија организиира митинг во Скопје. Во меѓувреме се обвинува за мрачно сценарио в недела. Но тоа се безнадежни обиди на власта да се исплаши народот, велат познавачите.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, уверува дека неделниот протест ќе биде мирен, демократски и ненасилен, одговарајќи со тоа на обвинувањата дека се подготвува украинско сценарио во недела.

Ќе имаме тампон зона од млади активисти помеѓу полицајците и сите оние кои ќе протестираат. И на протестот ќе има обраќање, а не директно соочување со полиција и протестанти како што се случува.

„Ги повикувам сите слободоумни граѓани да се приклучат на мирен и ненасилен протест, кој со сите можни средства и можности на опозицијата ќе го организира да биде мирен и ненасилен. Што значи тоа? Ќе се обратат европски пратеници и нема да дозволиме никој да се срами пред нив. Сите наши активисти ќе снимаат и сликаат можен чекор за насилство. Ќе имаме тампон зона од млади активисти помеѓу полицајците и сите оние кои ќе протестираат. И на протестот ќе има обраќање, а не директно соочување со полиција и протестанти како што се случува“, изјави Заев.

Протест на опозицијата во Струмица.

Протест на опозицијата во Струмица.

Очајнички обид на власта да ги исплаши граѓаните и да ги одврати од намерата масовно да учествуваат на протестот во недела. Вака политичките аналитичари ја коментираат кампањата на провладините медиуми за мрачни сценарија и насилства на претстојниот протест. Ова дава некаков ефект, вели политичкиот аналитичар и учесник на протестите, Здравко Савевски, укажувајќи на примерот со контрапротестите.

Секогаш кога ќе се најави дека ќе има организиран контра-протест тогаш се намалува бројот на луѓе кои сакале да излезат на протестот, но сепак луѓето сфаќаат и гледаат дека протестите се мирни и она што треба да знаат е дека ако Владата се обиде да направи некаков инцидент, тогаш ќе го свртат народот целосно против себе.

„Секогаш кога ќе се најави дека ќе има организиран контра-протест тогаш се намалува бројот на луѓе кои сакале да излезат на протестот, но сепак луѓето сфаќаат и гледаат дека протестите се мирни и она што треба да знаат е дека ако Владата се обиде да направи некаков инцидент, тогаш ќе го свртат народот целосно против себе. Инсценирање насилство против протестантите можеби ќе има ефект два, три дена, но после тоа тие ќе го имаат целиот народ против себе“, вели Савевски.

Безнадежен е обидот на власта да ги исплаши луѓето да не излезат на улица, вели политикологот Арсим Синани за информациите дека партиски активисти одат од врата до врата и ги убедуваат граѓаните дека поради планираните насилства на протестот не треба да излегуваат од дома.

„На граѓаните на Македонија нешто им е јасно. Тие сакаат кредибилни институции. Како ќе одат и ќе убедат два милиони граѓани? Граѓаните се незадоволни и тоа е јасно. Ние имаме беда, имаме бедна економска ситуација, ги губиме евроинтеграциите и НАТО, ја губиме надежта за еден подобар живот. Гневот на граѓаните е коректен“, изјави Синани.

Мислам дека владината пропаганда и креаторите на владината политика не би се обиделе да исценираат насилство, само она што го прават е со своите најави за контра-протести да ги убедат граѓаните да останат дома од страв вели Савевски. Додава дека најголем пример за притисоците кои ги прави власта врз демонстрантите беше апсењето на студентите неколку часа пред случувањата во Куманово.

„Тоа беше порака дека многу луѓе можат да бидат уапсени, но во меѓувреме клучна работа се промени. Меѓународниот фактор будно гледа што се случува во Македонија, за разлика од пред една недела. Граѓаните можат да бидат сигурни дека Владата нема да се обиде да исценира инцидент на протестот, а организаторите инсистираат тие да бидат мирни, што и се покажа од протестите во изминатите неколку дена“, вели Савевски.

Најавите за насилни протести и за контра-протести се само за да ги заплашат граѓаните, убеден е Синани. Тој сепак додава дека таа пропаганда нема да помине и дека гневот на народот не може да се скроти.

„Мислам дека ништо нема да се случи. Мислам дека протестите ќе бидат мирни и демократски. Оваа влада треба да е многу внимателна и да знае дека граѓаните се чувствителни и сфаќаат и гледаат што се случува“, вели Синани.

Иако организаторите најавуваат мирни и ненасилни протести кои треба да го изразат незадоволството од политиките на актуелната власт и да побараат нејзина оставка, веќе подолго време провладините медиуми информираат за црни и крвавави сценарија кои, како што додаваат, ги подготвувал опозицискиот СДСМ.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG