Достапни линкови

Блокирани улици и зголемено полициско присуство во Куманово


Дел од улиците во Куманово од ноќеска се блокирани за сообраќај. Забележливо е зголемено полициско присуство на улиците „11 Октомври“ и „Тодор Велков“ во центарот на Куманово. Во овој дел од градот лоцирани се повеќе клучни објекти, државни и локални институции и установи.
Вработените во институциите лоцирани на улицита „11 Октомври“ потврдуваат дека се на своите работни места и оти работата тече непречено. Портпатролот на МВР Иво Котевски за МИА информира дека се преземаат мерки за безбедност во Куманово.

XS
SM
MD
LG