Достапни линкови

logo-print

Балканските превирања, второ Источно прашање за Европа


Како и големите сили во 19 и почетокот на 20 век, и ЕУ се соочува со Источно прашање, се наведува во Фајненшал тајмс кој вели „Политичкото и етничкото насилство што еруптираше во Македонија во минатиот викенд е најнов симптом во длабоко вкоренатите нарушувања што ја тресат југоисточна Европа.

Убивањето 14 Албанци и осум полицајци во Куманово беше проследено со оставки на министерот за внатрешни работи и на шефот на разузнавањето кој му е роднина на премиерот Никола Груевски, наведува весникот Фајненшал тајмс потенцирајќи:

„Но, вистинскиот извор за тензиите во земјата е тоа што таа е млада држава која од нејзините соседи е гледана со сомневање уште од нејзиното раѓање во 1991 година и искористена под Груевски за глорифицирање на славомакедонскиот идентитет и за неутрализирање на неговите политички противници.

„Во оваа смисла, како што се наведува, превирањата нè навраќаат до првото Источно прашање во чие средиште беше како да се приспособат аспирациите на ривалските балкански народности, а со тоа и на самите словенски Македонци, кога Отоманската империја ја загуби контролата врз европските територии“.

Сега почна да се обликува второто Источно прашање. Тоа ги опфаќа прашањата како што се: борбата на Грција да се реформира и да остане во еврозоната, борбата на Косово да преживее како функционална држава и борбата на Македонија да ги убеди своите соседи, особено Грција и Бугарија, дека нејзините грандиозни напори за изградба на нацијата не се никаква закана за нивниот територијален интегритет и културен идентитет.

Првото Источно прашање најде крвав и нецелосен одговор во Првата светска војна и во мировните договори што следеа. Во втората половина на 20 век, владеењето на комунизмот и Студената војна ги зачуваа под капак недоразбирања меѓу државите во регионот, како и социјалните и економските тензии во рамките на секоја од нив.

Сега почна да се обликува второто Источно прашање. Тоа ги опфаќа прашањата како што се: борбата на Грција да се реформира и да остане во еврозоната, борбата на Косово да преживее како функционална држава и борбата на Македонија да ги убеди своите соседи, особено Грција и Бугарија, дека нејзините грандиозни напори за изградба на нацијата не се никаква закана за нивниот територијален интегритет и културен идентитет.

Второто Источно прашање, исто така, ја вклучува и борба на Унијата во одржувањето на регионалната стабилност и тоа во време на нејзиниот план, објавен минатата година, да не им даде членство на повеќе балкански земји до 2019 година, всушност, за повеќето, ако не и за сите, веројатно многу подолго.

Исто како и во ерата пред 1914 година, силите на Западна Европа се најдоа себе си како глумат, со сомнителен успех, политички учители и финансиски благајници во регионот, наведува „Фајненшал тајмс“ во коментарот во кој посочува дека во исто време стапките на невработеност во Македонија, Косово и Грција се на катастрофално ниво, од 25 до 30 насто.

Клиентелизмот, корупцијата и јавните сомневања во државната власт изгледаат многу исто во Грција, која е членка на Европската унија од 1981 година, како во Македонија, која е кандидат за член од 2005 година, но и на Косово, кое е далеку од членството во Унија, бидејќи пет од 28 земји не ја признаваат косовската независност.

Овие недостатоци ја укажуваат суштината на второто Источно прашање. Во неговото срце е како да се промовира добро владеење во регионот покриен со кревки демократски и граѓански институции, тешка економска криза и држави кои, парадоксално, се и слаби и арогантни спрема граѓаните“, заклучува „Фајненшал тајмс“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG