Достапни линкови

logo-print

Милитантите на ИД со наводна порака од нивниот лидер


Абу Бакр ал Багдади

Абу Бакр ал Багдади

Милитантите на Исламската држава објавија аудио порака за која велат дека била од нивниот лидер Абу Бакр ал Багдади. Во полчасовната снимка објавена на милитантни интернет страници тој ги поттикнува муслиманите да се борат во името на самопрогласениот калифат во Ирак и Сирија. Тој исто така ги критикува сунитските цивили за тоа што бегале од ирачката провинција Анбар во подрачја кои се под контрола на владините сили. Не е можна потврда дали навистина станува збор за дека гласот во пораката е на ал Багдади. Последната негова порака се појави во ноември лани, неколку денови откако ирачки претставници изјавија дека тој бил ранет во воздушен напад.

XS
SM
MD
LG