Достапни линкови

logo-print

НАТО и ЕУ заеднички против „хибридни војни“


НАТО и Европската унија се договорија да ја зацврстат соработката против таканареченото „хибридно војување“ што, според Алијансата, Русија го води против Украина. Станува збор за комбинација на класични воени техники и неконвенционална герилска тактика проследени со сајбер напади и пропаганда. Генералниот секретар Јенс Столтенберг по дводневниот министерски состанок на НАТО во Анталија, Турција изјави дека сојузниците развиваат брзи и ефикасни одговори на таквите закани. Русија го анектира Крим во март лани со разместување војници со необележани униформи. Западот ја обвинува Русија за поддржување на сепаратистите во источна Украина со оружје и со персонал, но тоа Москва го демантира.

XS
SM
MD
LG