Достапни линкови

Претставничкиот дом со закон за нуклеарниот договор со Иран


Претставничкиот дом го усвои законот со кој на американскиот Конгрес му се дава право да го ревидира и евентуално да го отфрли меѓународниот нуклеарен договор со Иран. Белата куќа соопшти дека законот кој во минатата недела беше усвоен и од Сенатот, ќе биде потпишан од претседателот Барак Обама. Со тоа на законодавците им се дава конечен збор во врска со договорот кој има за цел ограничување на иранските нуклеарни активности во замена за олабавување на санкциите. Иран и шесте светски супер сили до крајот на јуни треба да постигнат конечен договор.

XS
SM
MD
LG