Достапни линкови

Лавров во Белград: ставот на Москва за Косово е јасен


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кој синоќа пристигна во официјална посета на Србија изјави дека ставот на Русија за Косово бил, јасен, односно дека тоа прашање може да се регулира само врз основа на меѓународното право и во рамките на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации. „Што се однесува до напорите на Белград во тој правец, за нас се прифатливи оние одлуки кои се прифатливи и за Србија“, рече Лавров кој изрази очекување дијалогот меѓу Москва и Белград за енергетските прашања ќе се проширува, вклучувајќи ја тука и испораката на руски гас за Србија.

XS
SM
MD
LG