Достапни линкови

Лидерската средба без конкретно решение


Првата средба на лидерите на четирите најголеми партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА заврши без конкретно решение. Нова средба е закажана за во понеделник. Заев изјави дека денеска разговарале за рамката за дијалогот и дека во овој момент не е оптимист за постигнување решение. Тој нагласи дека опозицијата не се враќа во Собранието. За претстојниот протест Заев порача дека ќе биде мирен. На прашањето дали е оптимист за изнаоѓање решение, Груевски изјави дека не може да прејудицира. Тој порача и дека не планира да даде оставка од функцијата.

XS
SM
MD
LG