Достапни линкови

Заедничка изјава од лидерската средба


Во една тешка недела за државата се сретнавме да дадеме заедничка поддршка на демократските вредности, вклучувајќи го и правото на мирен протест и на осуда на насилството, без разлика дали во криминални или политички цели, се вели во заедничката изјава на четворицата лидери кои се среќаваат во Клубот на пратеници во Скопје.

Ние исто така се согласивме да го продолжиме дијалогот за унапредување на евроатланската агенда за доброто на граѓаните, се наведува во изјавата.

Инаку, на средбата, која сеуште е во тек, присуствуваат лидерите на четирите најголеми партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА. Како набљудувачи се присутни амбасадорот на САД Џес Бејли и шефот на мисијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Премиерот Груевски е придржуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски, Зоран Заев од Рената Дескоска Треневска, Али Ахмети од Артан Груби, а Мендух Тачи од Беким Фазлиу.

XS
SM
MD
LG