Достапни линкови

ОН-Клучно формирање на Заедница на српски општини во Косово


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун го поздрави продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина и постигнатиот договор за судството. Според него, едно од клучните преостанати прашања е воспоставувањето на Заедницата на српски општини во Косово.

Во неговиот редовен тримесечен извештај тој апелира политичките лидери од двете земји да ги преземат сите потребни чекори за примена на сите досега постигнати договори. Ки Мун порачува и дека потребно е итно решавање на прашањето за продолжување на учеството на косовските Срби во Владата и Парламентот на Косово.

XS
SM
MD
LG