Достапни линкови

logo-print

ВМРО ДПМНЕ повика на митинг во понеделник


Од ВМРО-ДПМНЕ денеска најавија митинг за поддршка на стабилна и силна Македонија, кој ќе се одржи на 18 мај во 20 часот во Скопје. Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров денеска го најави митингот за време на прес-конференција во Центарот за комуникации на партијата.

Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш до сега ќе се бори за стабилна, силна и економски развиена Македонија и нема да дозволи заради ниту еден личен или партиски интерес државата да биде втурната во правец кој ќе е на штета на секој еден граѓанин на земјата.

XS
SM
MD
LG