Достапни линкови

logo-print

Милитантите на ИД напредуваат во офанзивата во Сирија


Урнатините на Палмира

Урнатините на Палмира

Милитантите на Исламската држава, според извештаи напредуваат во освојувањето на реон, кој се наоѓа под контрола на владините сили и кој е под заштита на УНЕСКО. Сириски активисти соопштија дека милитантите ја презеле контролата врз позиции надвор од градот Тадмур, оаза во пустината североисточно од Дамаск.

Во реонот се наоѓаат и урнатините на Палмира, кои се едни од најголемите археолошки наоѓалишта на Средниот исток. Урнатините датираат од првиот и вториот век кога регионот бил под римската империја и кој веќе беше делумно уништен за време на граѓанската војна во Сирија.

XS
SM
MD
LG