Достапни линкови

Порошенко го назначил Џон Меккејн за негов советник


Џон Меккејн

Џон Меккејн

Украинскиот претседател Петро Порошенко го назначил републиканскиот сенатор Џон Меккејн за негов советник. Украинските власти ќе формираат совет кој има за цел да им помогне во спроведувањето на реформите и градење на глобална поддршка за земјата. Според декретот, објавен од украинското претседателство Меккејн ќе биде дел од советот заедно со поранешниот шведски премиер Карл Билд.

На чело на советот ќе биде прозападно ориентираниот претседател на Грузија, Михаил Сакашвили. Меккејн кој е поранешен кандидат за претседател на САД на твитер напиша дека ќе му биде чест да ја извршува функцијата.

XS
SM
MD
LG