Достапни линкови

Оставка на премиерот и(ли) враќање на опозицијата во Собранието


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Лидерска средба е чекор во вистинска насока за излез од кризата. Според едни, излезот од кризата е во оставка на премиерот Никола Груевски. За други, пак, решението мора да се бара во институциите.

Одржувањето на лидерска средба е за поздравување, како прв чекор кон надминување на политичката криза во која западна земјата, се согласуваат нашите соговорници, професор Димитар Мирчев и поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов.

Тој е кризата. Тоа е решение да се отворат можностите за да се исправат работите. Тој сега на сè се противи, сè што треба да се поправи, тој се противи. Неговиот политички став ако го следите и денеска е како да нема криза во Македонија, туку дека има пуч и тоа многу смета.

Тие не очекуваат решение да се најде денеска, но на средбата гледаат како на чекор во вистинска насока.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Андов вели дека решението секако ќе дојде преку дијалог, ако не на оваа, на некоја од наредните средби. Тој е категоричен дека излезот е оставка на премиерот Никола Груевски, па дури и негово евентуално повлекување од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој е кризата. Тоа е решение да се отворат можностите за да се исправат работите. Тој сега на сè се противи, сè што треба да се поправи, тој се противи. Неговиот политички став ако го следите и денеска е како да нема криза во Македонија, туку дека има пуч и тоа многу смета, штети и за државата и за народот и за неговата партија е голема штета“, вели Андов.

Воопшто не верувам дека ќе има некаков неформален договор или заклучок надвор од системот, кој после тоа јавноста или граѓанството дури така ќе го прифати, така што неопходен услов е тоа. Јас не зборувам сега за влада, преодна, национална итн., туку за Парламентот, ништо не може без него.

Професор Мирчев вели дека е добро што лидерите на партиите конечно се среќаваат. Од оваа средба не очекувам многу, затоа што веројатно ќе биде повеќе информативна, но го отвора патот за решение, вели тој.

„Апсолутно не гледам излез доколку не профункционираат Парламентот и другите институции. Воопшто не верувам дека ќе има некаков неформален договор или заклучок надвор од системот, кој после тоа јавноста или граѓанството дури така ќе го прифати, така што неопходен услов е тоа. Јас не зборувам сега за влада, преодна, национална итн., туку за Парламентот, ништо не може без него“, вели Мирчев.

Денеска во Скопје се одржува лидерска средба меѓу премиерот Никола Груевски и лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. На барање на Заев, на средбата присуствуваат и амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Порталот НоваТВ објави дека првичната идеја била Заев и Груевски да се сретнат во Брисел со посредство на европската парламентарна тројка составена од Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл. Но, поради тоа што Заев не може да ја напушти земјата, предложено е средбата да се одржи во Скопје и тоа заедно со ДУИ и ДПА. Имало и предлог оваа средба да ја закаже претседателот Ѓорге Иванов, но ДУИ не се согласиле со тоа, бидејќи оваа партија не го признава претседателот.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG