Достапни линкови

Ватикан ќе ја признае Палестина


Ватикан соопшти дека ги завршил преговорите со палестински претставници на договорот за признавање на Палестина за држава. Светата столица прецизира дека договорот ќе ги дефинира активностите на Католичката црква во областите под контрола на Палестинската власт. Ватикан, како решение на израелско палестинскиот конфликт, гледа во постоење две држави. Израел веднаш изрази разочараност од ваквата одлука на Ватикан. Израел е за признавање на палестинската држава но само откако ќе биде постигнат траен мировен договор. Во текот на една година Шведска ја призна Палестина како држава, додека Европскиот парламент и неколку национални парламенти во Европа донесоа необврзувачкиодлуки за тоа.

XS
SM
MD
LG