Достапни линкови

logo-print

Претседателот на Бурунди демантира дека имало пуч


Претседателот на Бурунди Пјер Нкурунзиза демантира дека бил отстранет со пуч, како што претходно вчера соопшти владата наведувајќи дека претседателот бил соборен од власт од армиски генерал кој бил отпуштен во почетокот на годинава. Нкурунзиза кој во Танзанија учествувал на источно африканскиот самит соопшти дека не станувало збор за никакво воен удар. Сепак, останува нејасно дали тој ќе се врати од Танзанија. Во Бурунди во изминативе денови дојде до улични протести откако претседателот Нкурунзиза најави дека ќе се кандидира за уште еден трет мандат на таа функција.

XS
SM
MD
LG