Достапни линкови

Заложничка драма во хотел во Кабул


Вооружени лица синоќа нападнале еден хотел во Кабул, популарен меѓу странците во Авганистан, при што земале како заложници поголем број луѓе, јавуваат агенциите. Во престрелката со безбедносните сили напаѓачите биле убиени од безбедносните сили, со што биле спречени да извршат самоубитсвен напад, соопшти полицијата во Кабул. Претходно тие убиле петмина странци, додека шестмина други биле ранети. Радио Слободен Авганистан јави дека станувало збор за тројца напаѓачи. Тие држеле неколку десетици заложници во хотелот кој се наоѓа во близина на комплексот на Обединетите нации и на една болница. Иако досега никој не ја презеде одговорноста за нападот се верува дека станува збор за акција на талибанците.

XS
SM
MD
LG