Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: топло со мала облачност


Во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денов во североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повременo засилен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 24 до 30 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец. Температурата ќе достигне до 28 степени.

XS
SM
MD
LG