Достапни линкови

Демонстрантите бараат оставка и од Груевски


Полициски кордон и денеска е поставен пред Владата и на стотината демонстранти повторно им е попречен пристапот до зградата. Полицискиот кордон е поставен на исто место на „Климент Охридски“. Пред полицајците луѓето кои протестираат поставија платно на кое пишува „Збогум Никола“. Демонстрантите извикуваат и оставки и носат транспаренти испишани со зборовите „Груевски оди си“ и „Македонија се сака со оставки“.

Протестот започнаа пред околу една седмица и за него иницијална каписла беше барањето одговорност за прикривањето на убиството на Мартин Нешкоски. Демонстрантите имаат три барања: итна оставка и преземање одговорност на целата Влада, итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму и формирање на Влада за демократизација на институциите. Демонстрантите потоа ќе се упатат кон Основниот суд 1, а протестот ќе заврши пред Собранието.

XS
SM
MD
LG