Достапни линкови

И денеска протест за оставка на Владата


Неколку стотици демонстранти се наоѓаат пред зградата на Владата на Република Македонија, барајќи оставки од целата влада. Тие носат транспаренти на кои пишува „Протестирам за оставки на цела влада“, а имаат и голем транспарент со натпис „Збогум Никола“. Демонстрантите извикуваат „Оставки“, „Долу диктатура“, „Готово е готово“.

Инаку, претставници на движењето „Протестирам“ денеска се собраа пред собраниската зграда за време на седницата на која беа разгледувани оставките на министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески и директорот на УБК Сашо Мијалков, при што најавија дека ги продолжуваатпротестите до заминувањето на владата.

„Треба да поднесе оставка целата Влада бидејќи има нелегитимност и кршење на законите од страна на сите членови на власта, а не само од овие што во моментов дадоа оставки“, рече Здравко Савески.

Истовремено, Собранието ги изгласа оставките на тројцата функционери и го прифати предлогот на владата за нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски да бидат назначени Митко Чавков и Владо Мисајловски.

XS
SM
MD
LG