Достапни линкови

НАТО и Украина-Русија да не ја дестабилизира источна Украина


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столенбергер

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столенбергер

НАТО и Украина ја повикаа Русија да запре со нејзината постојана и намерна дестабилизација на источна Украина. Во заедничкото соопштение објавено по средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на алијансата во Анкара, Турција тие го осудија руското воено зајакнување на Крим, кој е под анексија на земјата од март 2014 година. Тие изразија и загриженост за напорите на Русија да го зголеми своето воено присуство на регионот околу Црното море. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столенбергер изјави дека тоа може да има натамошни импликации врз регионалната стабилност.

XS
SM
MD
LG