Достапни линкови

Меркел-Се уште има прекршувања на примирјето во источна Украина


Германската канцеларка Ангела Меркел со украинскиот претседател Петро Порошенко

Германската канцеларка Ангела Меркел со украинскиот претседател Петро Порошенко

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека се уште има прекршувања на примирјето во источна Украина. Таа говорејќи по разговорите со украинскиот претседател Петро Порошенко денеска во Берлин порача и дека врз основа на договорот од Минск во февруари годинава може да се забележи дека не е постигнато очекуваното и се уште целосно не функционира примирјето.

Порошенко изјави дека и натаму има судири во близина на аеродромот во Доњецк и побара на местото да бидат поставени меѓународни набљудувачи. Според него, тешкото оружје мора да биде повлечено.

XS
SM
MD
LG