Достапни линкови

Напад на талибанците во Авганистан, седум жртви


Авганистанската полиција соопшти дека вооружена група отворила оган на собир на муслимански свештеници во покраината Хелманд при што загинале седум лица. Советот Улема, кој е највисокиот религиски авторитет во Авганистан неколку пати до сега соопшти дека ги поддржуваат безбедносните сили во борбите против талибанците. Четворица цивили и тројца полицајци загинале за време на нападот, а седум лица биле повредени. Авганистанските сили убиле двајца од напаѓачите.

XS
SM
MD
LG