Достапни линкови

Нова „бомба“ на СДСМ: криминалните зделки на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ


Денеска јавноста ќе слушне за тоа како функционирала коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во делот на меѓусебната заштита и покривање на незаконското однесување, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот од денешната прес конференција. Ќе слушнете, рече тој, нови докази како се местени милионски тендери и како се испумпувале пари во приватни компании кои потоа завршувале во ВМРО ДПМНЕ. Денеска јавноста ќе ја дознае и вистината за тоа кој стои зад купувањето од страна на МВР нов автомобил Мерцедес вреден речиси 600 илјади евра. Кој го нарачал и за каква цел.

Почнуваме со сет од 4 разговори за бизнис зделките на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, истакна Заев. Првите два разговора се меѓу Муса Џафери и Сашо Мијалков. Тие, според овие разговори, биле задолжени од Никола Груевски и Али Ахмети да решаваат голем дел од меѓукоалициските проблеми, рече Заев на прес конференцијата на која ја објавува 31-та таканаречена бомба на опозицијата за криминалите на власта.

XS
SM
MD
LG