Достапни линкови

ЕУ ќе прифати 20 илјади бегалци


Извршното тело на ЕУ предложи преземање на околу 20 илјади бегалци во наредните две години и нивно распоредување низ Европа. Но, Европската комисија на Британија, Ирска и Данска им дозволи да не прифаќаат бегалци. Италија и други европски земји побараа помош од ЕУ за да се справат со приливот на мигранти од северна Африка со цел да стигнат во Европа преку медитеранот. Претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер напиша на твитер дека ниту една земја не треба да биде оставена сама да се справува со големиот миграциски притисок.

XS
SM
MD
LG