Достапни линкови

Анкетна комисија за прислушувањето


На денешната координативна средба на претседателот на Собранието со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи била донесена одлука Собранието да формира Анкетна комисија за утврдување на аспектите и наводите поврзани со случајот со прислушуваните разговори. Кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, соопшти дека анкетната комисија ќе биде формирана во оној момент кога пратениците од опозицијата ќе се вратат во Парламентот. Со Анкетната комисија ќе претседава пратеник од опозицијата.

XS
SM
MD
LG