Достапни линкови

ЈП Водовод од Куманово должи за струја и за сурова вода. На претпријатието му е неопходна помош.

Граѓаните на Куманово заслужуваат да имаат редовно и квалитетно водоснабдување, а локалното комунално претпријатие „Водовод“, години наназад се бори со надминување на финансиските проблеми, напластени многу оддамна, сметаат советниците од општинскиот Совет од опозиционата Коалиција на ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе треба уште многу работа и многу долг период за да може ова ЈП да ги санира сите загуби што ги имаше досега, да застане на здрави нозе и да почне да работи со добивка.

Раководството се труди да не дојде до водна криза поради долговите кон ЕВН за потрошена електрична струја, како и кон ЈП „Водостопанство - Кумановско-липковско Поле“ и изгубени судски пресуди и блокади. Згора на тоа, претпријатието има потреба и од инвестиции во реновирање и реконструкција на водоводната мрежа, сметаат локалните опозициони советници.

Совет на Општина Куманово.

Совет на Општина Куманово.

„Ќе треба уште многу работа и многу долг период за да може ова ЈП да ги санира сите загуби што ги имаше досега, да застане на здрави нозе и да почне да работи со добивка. Јас сакам ова ЈП да работи успешно, но проблемите не може само да ги реши, за да излезе од кризата. Сметките на ЕВН се од еден милион евра. Утре може ЕВН да ја исклучи струјата и градот да остане без вода. Не е само долгот кон „Водостопанство“, му посакувам на претпријатието успех, но загубар си е загубар“, забележува Мирослав Стојановски.

Тие се однесуваат на санација и замена на канализациона и водоводна мрежа, на атмосферска канализација.

Јовица Станковски додава дека, иако загубите се двојно намалени во однос на претходната година-две, тие не се целосно надминати. Според него, очекувањата на директорот на „Водовод“, Горан Стојковски за надминување на проблемите е од фондови и донации. Иако, реално тоа не е доволно.

„Тие се однесуваат на санација и замена на канализациона и водоводна мрежа, на атмосферска канализација“, вели тој.

Станковски рече и дека државата ќе формира нов субјект кој ќе биде како соговорник од друга страна, за разлика од досега кога договорите биле помеѓу „Водовод“ и „Водостопанство“.

„Меѓудругото новиот субјект веројатно врз основа на соодветни критериуми ќе ја дефинира и цената на водата“, рече Станковски.

Директорот на „Водовод“ појаснува дека претпријатието губело судски спорови со „Водостопанство“, за сметките неплаќани поради високата цена на сирова вода.

„Така што, загубата од околу 21 милион денари за оваа година е поради високата цена на водата. Доколку цената на водата беше 4,5, а не 6,7 денари, „Водовод“, зборувам само за минатата година, немаше да има долг кон „Водостопанство“, вели тој.

Според Стојковски, и „Водовод“ има ненаплатени долгови од правни субјекти, меѓу кои е и Општата болница - Куманово.

„За жал еден од најголемите должници е Општата болница Куманово. Моментално долгот е околу осум милиони денари. Без оглед на тоа, во ниту еден момент не сме размислувале да ја исклучиме водата. Сосема спротивно од она како некои доверители се однесуваат кон „Водовод“, вели тој.

Советниците и од опозицијата и од локалната власт се согласуваат дека на ова претпријатие му е неопходна помош за излез од финансиската криза.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG