Достапни линкови

logo-print

Преминот Џепиште – Требиште да работи 24 часа


Населението од двете страни на границата меѓу Македонија и Албанија бара и преминот Џепиште – Требиште да работи 24 часа.

Вториот граничен премин меѓу Македонија и Албанија, Џепиште - Требиште кај Дебар е отворен пред повеќе години, но работи само од 6 до 20 часот, и покрај нагласената фреквенција на патници. Жителите на двете страни на границата бараат граничниот премин да работи 24 часа. Владите на Република Македонија и Република Албанија преку Министерствата за надворешни работи дадоа зелено светло на ова барање, но сепак досега преминот се уште нема профункционирано 24 часа, велат жителите од Голобрдските села на двете страни од границата. Инаку за жителите од над 20- ина села од областа Голо Брдо во Албанија, Дебар е најблизок град.

Ние баравме цело време да работи 24 часа бидејќи има потреба за тоа. Тоа е добро за нас и за населението на двете страни од границата.

„Овој граничен премин меѓу Македонија и Албанија е договорено веќе да работи 24 часа. Ние баравме цело време да работи 24 часа бидејќи има потреба за тоа. Тоа е добро за нас и за населението на двете страни од границата. Има фреквенција и тоа се гледа. Од Албанија доаѓаат многу во Дебар, а ние од Џепишта и Отишани одиме таму. Ние сме еден народ, говориме еден јазик, имаме таму роднини, а и тие овде имаат роднини, имаме невести од таму и комуникацијата е секојдневна. Има и многу економски ефекти, тие гледате купуваат се во Дебар. Такси возилата имаат работа и сè се одвива добро“, вели Атиф Бајрамовски жител на село Отишани и активист во месната заедница на селата Џепиште – Отишани.

Атиф Бајрамовски.

Атиф Бајрамовски.

Тој додава дека населението смета оти ако преминот проработи 24 часа и економските ефекти на двете страни од границата ќе бидат мошне големи. Слична е и оценката на жителите од пограничните албански села. Овие барања се и од Македонската партија во Албанија која делува и во Голо Брдо.

Овде купуваме се она што ни треба, имаме мажено сестри. Овде за разлика од Албанија е поевтино.

„Ние често доаѓаме во Дебар, Струга, Охрид и во други градови. Сакаме да доаѓаме во Македонија. Овде купуваме се она што ни треба, имаме мажено сестри, но исто така имаме и повеќе интерес да купуваме овде. Овде за разлика од Албанија е поевтино.“

РСЕ : што конкретно купувате во Дебар ?

„Многу работи. Масло за јадење, шеќер, макарони, брашно, потоа овошје и друго. Овде кај вас има се и тоа поевтино“, вели Висар Незири од најголемото погранично село во Албанија Требиште. И тој смета дека треба што побрзо овој премин да работи цело време бидејќи има потреба од ова. Голем број жители од селата во Албанија кои гравитираат кон Дебар доаѓаат во градот за да пазарат, имаат свои роднини но често и да побараат лекарска помош.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG