Достапни линкови

logo-print

Министерски состанок на НАТО во Анталија


Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, денеска во Анталија, Турција, ќе разговараат за кризата во Украина и за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучувајќи ги и Сирија и Ирак. Беше најавено дека ќе стане збор и за случувањата во Куманово.

На состанокот, американскиот државен секретар Џон Кери ќе ги информира своите колеги за разговорите во Сочи со рускиот претседател Владимир Путин и шефот на дипломатијата Сергеј Лавров. Кери, во Анталија се состана со турскиот премиер Ахмет Давутоглу, а е предвидено да разговара и со украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин.

Пред состанокот, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, изјави дека Русија мора да престане со поддршката за бунтовниците во Украина и да ги повлече своите сили.

XS
SM
MD
LG