Достапни линкови

Камерон: нови закони против исламските екстремисти


Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска треба да најави нова легислатива за справување со, како што е соопштено во Лондон, „отровната исламска екстремистичка идеологија“. На првиот состанок на Националниот совет за безбедност откако победи на парламентарните избори во минатата недела тој ќе предложи забрана на екстремистичките организации и рестрикции за поединци кои ги радикализираат младите. „Предолго бевме пасивно толерантно општество велејќи им на нашите граѓани дека ги оставаме да прават што сакаат се додека ги почитуваат законите. Оваа влада ќе го смени ваквиот погрешен пристап“, наведуваат агенциите дел од говорот на Камерон на седницата на Советот за национална безбедност.

XS
SM
MD
LG