Достапни линкови

Во Северна Кореа егзекутиран министерот за одбрана


 Хион Јонг Чол

Хион Јонг Чол

Во Северна Кореа бил егзекутиран министерот за одбрана Хион Јонг Чол поради тоа што заспал на еден настан на кој присуствувал севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Според новинските агенции кои се повикуваат на извори на јужнокорејските служби за разузнавање, министерот Чол кој на таа функција дојде пред неполна година, бил изведен пред стрелечки строј. Се наведува дека со заспивањето тој покажал непочитување спрема лидерот. Се додава дека неговата егзекуција ја следеле стотина севернокорејски високи претставници.

XS
SM
MD
LG