Достапни линкови

Собраниска седница за избор на нови министри


Собранието на Македонија на денешната седница треба се изјасни за предлогот на премиерот Никола Груевски за избор на нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, откако синоќа Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски поднесоа оставки. Синоќа оставка поднесе и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков. Тие во образложението за нивните оставки наведуваат дека си заминуваат поради длабоката политичка криза во земјата и објавените прислушувани разговори од страна на опозицијата. Премиерот Груевски за нов министер за внатрешни работи го предложи Митко Чавков, сегашен директор на Бирото за јавна безбедност, а за нов министер за сообраќај Владо Мисајловски, директор на Јавното претпријатие за патишта.

XS
SM
MD
LG