Достапни линкови

logo-print

И прилепчани маршираа за поддршка на полицијата


Припадници на здружението `Прилепски бранители`, граѓани од Прилеп и соседните општини, а меѓу нив и мали деца, вечерва од 19 часот маршираа во центарот на Прилеп, како што рекоа во знак на поддршка на македонската полиција. Скандирајќи `Македонија, Македонија...` со пеење македонски стари патриотски песни, учесниците маршираа од споменикот `Прилепски бранители` по булеварот `Гоце Делчев`, па се до споменикот `Карпалак`.

„Со ова уште еднаш го покажуваме незадоволството од она што се случи во Куманово. Таму загинаа недолжни полицајци, покажувајќи патриотизам, како се брани својата татковина“.

„Со овој марш им изразуваме поддршка на загинатите полицајци кои се бореа за својата земја Македонија“.

Учесниците на маршот апелираа за целосно откривање на терористичките групи во Македонија, повикаа на единство и зачувување на мирот во државата.

„Апелирам до сите Македонци да се здружат и да бидат единствени“.

„Да се бориме сите за единство на нашата држава, значи за Македонија, за доброто на овој народ“.

Предводниците на маршот, од зружението `Прилепски бранители` на еден полицаец од прилепската полициска станица му го предадоа знамето на Република Македонија, а се поклонија во знак на почит кон сите загинати бранители пред споменикот `Карпалак`.

XS
SM
MD
LG