Достапни линкови

logo-print

Смена на Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Сашо Мијалков


За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за министер за транспорт и врски Владо Мисајловски. За новите министри Собранието ќе гласа утре.

Премиерот Никола Груевски вечерва до Собранието достави предлог за избор на двајца нови членови на Владата. Се предлагаат нови министри во министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски.

Викендов во Куманово ни се случи трагедија. Загубивме осум млади животи. Зошто? Во најмала рака поради некомпетентост на наредбодавачите. Тие ја изведоа акцијата во урбана населба. Не морале да ја изведат таму. Ако знаеле уште од јануари дека таму се движат терористи, можеа сето тоа да го направат вон населено место. Можеа да не жртвуваат млади животи за себе.

За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за министер за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Чавков е актуелен директор во Бирото за јавна безбедност, а Мисајловски е директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски седницата за избор на новите членови на Владата ја закажа за утре во 13 часот.

Оставка си поднесе и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков. За одлуката Мијалков писмено го известил премиерот Никола Груевски. Мијалков во оставката истакнува дека продолжува да дејствува согласно своите принципи и убедувања.

Антивладини протести и собири за поддршка на полицијата

Претходно, цела недела има протести за барање одговорност за прикривањето на убиството на Мартин Нешкоски. „Долу влада“, „Оставки“, „Готови сте, одете си“, „Смрт за барокот, слобода за народот“, се само дел од транспарентите кои демонстантите кои протестираат против власта вечерва ги оставија пред полицајците. Полициски кордон не им дозволи да протестираат пред зградата на владата, па тие маршираа до зградата на Собранието.

Протестите започнаа минатиот вторник, а иницијална каписла беше барањето одговорност за прикривањето на убиството на Мартин Нешкоски. Луѓето кои протестираат пред влада имаат три барања: итна оставка и преземање одговорност на целата Влада, итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму и формирање на Влада за демократизација на институциите.

Здравко Савески, член на Солидарност, вели дека после случувањата викендов во Куманово, не се веќе против полицајците.

„Викендов во Куманово ни се случи трагедија. Загубивме осум млади животи. Зошто? Во најмала рака поради некомпетентост на наредбодавачите. Тие ја изведоа акцијата во урбана населба. Не морале да ја изведат таму. Ако знаеле уште од јануари дека таму се движат терористи, можеа сето тоа да го направат вон населено место. Можеа да не жртвуваат млади животи за себе“, рече Савески.

Освен протест, имаше и граѓански собори за поддршка на полицијата.

Неколку илјади граѓани во организација на ГДОМ се собраа пред полициската станица „Пролет“ за поддршка на македонската полиција. Ваков собир се одржува во 23 градови низ земјава и на три места во Скопје. Една поголема група на граѓани дојде од Кисела Вода, а беше предводена од дваесетина моторџии. Друга, пак, дојде од кај Железничката станица и се споија пред полициската станица Пролет. Насобраниот народ извикуваше „Македонија, Македонија“, ја пееја македонската химна, како и народната песна „Едно име имаме“. Тие вееја македонски знамиња и носеа банери „Благодариме херои“. Дел од луѓето кои дојдоа на протестите им предадоа знаме на полицајците кои ја отворија капијата на станицата и ги изгушкаа.

„Потполна поддршка за македонската полиција што е најнормално, мислам дека секој така мисли. Таа си ја исполнува својата должност и навистина им честитам како се однесуваат“, рече еден учесник на собирот.

Потполна поддршка за македонската полиција што е најнормално, мислам дека секој така мисли. Таа си ја исполнува својата должност и навистина им честитам како се однесуваат.

На чело на маршот, пак, во Битола, на кој учествуваа над 1.000 граѓани, беа преспанско-пелагонискиот владика, господин Петар и градоначалникот Владимир Талески. На собирот учествуваа и луѓе на раководни функции во градот, пратеници, советници, директори на државни институции.

Стотината Охриѓани, пак, ги предводеше градоначалникот Никола Бакрачески, кој беше придружуван од пратеници, но и други високи партиски членови од владејачката партија од Охрид и од Струга.

По Прилеп се маршираше од пред споменикот „Прилепски бранители“ до споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп. Според Гоце Стефаноски, претседател на здружението „Прилепски бранители“, Прилеп и прилепчани најдобро знаат што е болка уште од конфликтот од 2001 година.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG