Достапни линкови

Демонстрантите на мирен марш од Влада до Собрание


Неколку стотици луѓе на кои не им беше дозволено да протестираат пред Влада, тргнаа на мирен марш кон Собрание. Тие протестираат веќе една недела против полициска бруталност. Претходно полицискиот кордон поставен на „Климент Охридски“ ги спречи да го изразат својот револт пред Влада. Тие пред полицајците поставија неколку транспаренти на кои меѓудругото пишува „Доле влада“, „Оставки“, „Готови сте, одете си“, „Обединети во разликите“. Протестот започнаа пред една седмица и за него иницијална каписла беше барањето одговорност за прикривањето на убиството на Мартин Нешкоски. Луѓето кои протестираат пред влада имаат три барања: итна оставка и преземање одговорност на целата Влада, итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму и формирање на Влада за демократизација на институциите.

XS
SM
MD
LG