Достапни линкови

Собир за поддршка за македонските полицајци пред „Пролет“


Неколку илјади граѓани се собраа пред полициската станица „Пролет“ на собирот за поддршка на македонската полиција. Ваков собир е најавен во 23 градови низ земјава и на три места во Скопје. Една поголема група на граѓани дојде од Кисела Вода, а беше предводена од дваесетина моторџии. Друга пак дојде од кај Железничката станица и се споија пред полициската станица Пролет. Насобраниот народ извикува „Македонија, Македонија“, ја пеат македонската химна, како и народната песна „Едно име имаме“. Тие вејат македонски знамиња и носат банери „Благодариме херои“. Дел од луѓето кои дојдоа на протестите им предадоа знаме на полицајците кои ја отворијата капијата на станицата и ги изгушкаа.

XS
SM
MD
LG