Достапни линкови

Амбасадорите до Заев-СДСМ да се врати во Парламентот


Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.

Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.

Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер по средбата на групата амбасадори со лидерот на СДСМ Зоран Заев, ја повика партијата да се врати во Парламентот. Според Атхаузер која говореше во името на сите амбасадори, опозицијата треба да помогне да се разреши политичкиот ќорсокак и Парламентот останува клучна институција во која СДСМ може да земе учество во истрагата на состојбите во земјата. Таа воедно му порача на Заев дека ја разбираат резервираноста, но очекуваат одговорни постапки и од опозицијата.

Амбасадорите за време на средбата во седиштето на СДСМ го поздравиле и учеството на Заев на седницата на Советот за безбедност. Амбасадорите од САД, ЕУ, Германија, Франција, Велика Британија и Италија порачале и дека го поддржуваат правото на мирни протести.

XS
SM
MD
LG