Достапни линкови

logo-print

Една недела протести пред Влада и барање оставки


Повеќе од стотина луѓе кои протестираат веќе една недела против полициска бруталност и денеска се спречени да протестираат пред зградата на Владата. Полицискиот кордон е поставен на исто место на „Климент Охридски“ и не дозволува да се протестира пред Влада. Пред полицајците луѓето кои протестираат поставија неколку транспаренти на кои меѓудругото пишува „Доле влада“, „Оставки“, „Готови сте, одете си“, „Обединети во разликите“. Протестот започнаа пред една седмица и за него иницијална каписла беше барањето одговорност за прикривањето на убиството на Мартин Нешкоски. Луѓето кои протестираат пред влада имаат три барања: итна оставка и преземање одговорност на целата Влада, итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму и формирање на Влада за демократизација на институциите.

XS
SM
MD
LG