Достапни линкови

Кери на средба и со Путин во Сочи


Американскиот државен секретар Џон Кери со рускиот претседател Владимир Путин.

Американскиот државен секретар Џон Кери со рускиот претседател Владимир Путин.

Американскиот државен секретар Џон Кери е на средба и со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи. Кери претходно денеска оствари средба и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по која изјави дека разговорите поминале одлично. Тоа е прва посета на Кери на Русија во последниве две години. Кери се очекува со Путин да разговара за источна Украина, Јемен и Сирија, како и за нуклеарниот договор со Иран.

XS
SM
MD
LG