Достапни линкови

Грција искористила пари од сметка за итни случаи


Грчките власти соопштија дека земјата била принудена да искористи пари од специјална сметка за итни случаи со цел да може да го отплати долгот од 750 милиони евра на ММФ. Според извори од централната банка во Атина иницијативата била со цел да се реши ќорсокакот. Властите наведоа дека со цел да го отплатат долгот искористиле 650 милиони евра од сметката, која е наменета само за исклучителни ситуации. Резервите, како што порачуваат треба да бидат обновени во наредните недели.

XS
SM
MD
LG