Достапни линкови

Извештај на Немцов-Убиени 220 руски војници во Украина


Презентирање на извештајот во Москва

Презентирање на извештајот во Москва

Русија потрошила повеќе од милијарда долари за поддршка на бунтовниците во источна Украина наведува извештајот насловен „Путин.Војна“ изготвен од соработници на убиениот руски опозициски лидер Борис Немцов. Според извештајот кој беше денеска презентиран во Москва, најмалку 220 руски војници загинале за време на борбите. Извештајот содржи и нови докази за руското воено присуство во Украина.

Немцов, еден од најжестоките критичари на рускиот претседател Владимир Путин работел на овој извештај кога бил застрелан во близина на Кремљ во февруари годинава.

XS
SM
MD
LG