Достапни линкови

Граѓаните помудри од политичарите


Куманово - ден потоа
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:48 0:00

Куманово - ден потоа

Она што не го направија политичарите и партиите го сторија самите граѓани, се обединија и не дозволија да бидат изманипулирани за политички цели.

Инцидентот во Куманово покажа дека граѓаните покажаа најголема зрелост за ситуацијата со тоа што не дозволија да бидат манипулирани, велат дел од експертите кои се надеваат дека граѓаните нема да дозволат да бидат манипулирани за политички цели.

Во Куманово имаше една извонредна соработка меѓу граѓаните. Она што не го направија владата и партиите што се одговорни, односно оние кои се застапени во парламентот, го направија самите граѓани.
Ибрахим Мехмети, аналитичар.

Но од ова се виде дека она што не го направија владата и партиите го направија граѓаните, вели аналитичарот Ибрахим Мехмтети.

„Во Куманово имаше една извонредна соработка меѓу граѓаните. Она што не го направија владата и партиите што се одговорни, односно оние кои се застапени во парламентот, го направија самите граѓани. Пратениците не беа со народот да им објаснат што се случува и во таа ситуација граѓаните покажаа најголема зрелост. А со тоа не дозволија состојбата да излезе од контрола“, вели Мехмети.

Мехмети вели дека тешко е да се каже која била целта на инцидентот и бара да се направи истрага, но според него јасно е оти ваквата ситуација и одговара на власта за да се оттргне вниманието од состојбата во изминатите два месеци со протестите.

„Она што можеме да го кажеме без разлика на исходот на една таква истрага, е дека ова извонредно добро и дојде на владата, да го тргне оној притисок што беше се посилен, а како резултат на објавените телефонски снимки. Видовме дека се зголемува бројот на луѓе што протестираат“, особено по објавувањето на случајот со Мартин Нешкоски.

Така што, не мислам дека на било каков начин влијаеја овие настани врз меѓуетничките односи, и не мислам дека се ниту подобри ниту полоши.
Мирјана Најчевска, универзитетска професорка.

Професор Мирјана Најчевска е експлицитна во ставот дека инцидентот немал тенденција за влошување на меѓуетничките односи. Таа посочи дека ваквата ситуација овозможува спречување на демонстрациите со кои се бара контрола врз власта.

„Така што, не мислам дека на било каков начин влијаеја овие настани врз меѓуетничките односи, и не мислам дека се ниту подобри ниту полоши. Едноставно, во моментов не постои таков вид на меѓуетничка тензија која би можела да биде искористена и која би можела и натаму да биде испровоцирана со ваков вид настани“, вели Најчевска.

Настаните во Куманово кои однесоа и жртви, дополнително ја зголемија и политичката неизвесност. Најчевска се надева дека и во наредниот период случувањата нема да имаат влијание врз меѓуетничките односи, туку напротив да имаат позитивен импакт во насока на согледување на заедничките потреби на граѓаните.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG