Достапни линкови

Повторно земјотрес во Непал, девет жртви


Најмалку девет лица загинале во земјотресот кој го погоди Непал во близина на границата со Кина, меѓу главниот град Катманду и Монт Еверест. Американскиот геолошки центар соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,4 степени. Меѓународната организација за миграција соопшти дека жртвите биле од градот Чаутара. Индиските власти соопштија дека во земјата загинале четири лица, а кинеските медиуми јавија дека едно лице го загубило животот за време на земјотресот. Ова е втор земјотрес кој ја погоди земјата по оној на 25 април кога загинаа повеќе од 8150 лица, а беа повредени над 17 860.

XS
SM
MD
LG