Достапни линкови

Извештај на Немцов за Путин и војната во Украина


Соработници на убиениот руски опозициски лидер Борис Немцов денеска ќе го презентираат извештајот за кој тие велат дека содржи нови докази за руското воено присуство во Украина. Извештајот насловен „Путин. Војна“ веќе излезе од печат. Немцов, еден од најжестоките критичари на рускиот претседател Владимир Путин работел на овој извештај кога бил застрелан во близина на Кремљ во февруари годинава. Москва постојано ги отфрла обвинувањата од Западот дека Русија ги снабдува со оружје и персонал проруските сепаратисти во источна Украина.

XS
SM
MD
LG