Достапни линкови

logo-print

Средба Кери, Путин во Сочи


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Сочи ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин главно, како што се најавува, за изнаоѓање начини за решавање на војната во Сирија. И покрај екстремните тензии меѓу Вашингтон и Москва околу војната во источна Украина, Кери бара области од заеднички интерес. Тој изрази уверување дека Русија е вознемирена, исто како и Соединетите држави и Европската унија од илјадниците нивни граѓани кои се вовлечени во насилствата во Сирија, а потоа претставуваат опасност кога ќе се вратат дома. Повеќето команданти на екстремистичката Исламска држава се чечени. Милитанти од рускиот регион Чеченија со децении се бореа против Москва. Кери по Сочи патува на состанок на НАТО во Турција по што се враќа во Вашингтон на самит со арапските лидери.

XS
SM
MD
LG