Достапни линкови

Блокиран пристап до Владата, демонстрантите делат цвеќиња


Полицијата повторно го блокира пристапот до Владата и не им дозволува на демонстрантите да дојдат до зградата. Неколку стотици луѓе се присутни на протестите. Тие држат свеќи во рака и делат цвеќиња меѓу луѓето за да им одадат почит на загинатите припадници на безбедносните сили за време на судирите во Куманово. Целта на денешниот протест е да се упатат пораки на мир и правда. Тие бараат и итна оставка и одговорност и ослободување на демонстрантите кои беа притворени за време на претходните протести, како и формирање Влада за демократизација на институциите.

XS
SM
MD
LG