Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ-Итна и веродостојна истрага за настаните во Куманово


Оштетени куќи во Дива населба во Куманово после полициската акција против вооружена група.

Оштетени куќи во Дива населба во Куманово после полициската акција против вооружена група.

Претседателот на Парламентарното Собрание на ОБСЕ Илка Канерва денеска ги повика сите политички и граѓански актери во Македонија да работат заедно на промовирање на безбедноста и дијалогот по насилството во Куманово. Според ОБСЕ, мора да има итна, веродостојна истрага на нападот, при што од круцијално значење е сите сектори во општеството да се фокусираат на промовирањето мир и соработка и да се чуваат против сите обиди за обнова на етничките поделби, кои работат против безбедноста и на предокот на нацијата. Во соопштението е порачано и дека политичката криза во земјата мора да биде решена што побрзо преку институциите врз основа на демократските принципи особено за да се зачува безбедноста во ова критично време.

XS
SM
MD
LG