Достапни линкови

logo-print

ДУИ-Настаните не се во интерес на албанската нација


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

ДУИ соопшти денеска дека настаните во Куманово и Гошинце, како и другите безбедносни инциденти во последниве месеци, не се во согласност со нивните стратешки определби и не се од интерес и определба на албанската нација во земјата и регионот. Од ДУИ изразија сочувство до семејствата на загинатите во вооружениот судир во Куманово и партијата гарантира дека државните институции ќе им помогнат на жителите во населбата за материјалните штети.

Од партијата по седницата на централното претседателство наведуваат и дека ќе се ангажираат за транспарентен, истражен и судски процес за инволвираните во судирите во Куманово. ДУИ порачува и дека останува посветена за стабилна и безбедна Македонија. Од партијата ги повикаа и сите граѓани во државата да не подлегнуваат на разни дезинформации кои не помагаат во смирување на ситуацијата и точното информирање на јавноста.

XS
SM
MD
LG